Уметност што е секогаш достапна

Постојана изложба во El Art Gallery

Оригинални дела од внимателно селектирани современи автори — достапни за гледање секој ден.


Ел-Арт Галерија

Платформа за промоција и продажба на оригинални уметнички дела

El Art Gallery е простор посветен на современата уметност, основан од Елизабета Ристовска Петровска со желба да се претстават оригинални дела од истакнати и талентирани автори. Галеријата нуди постојана изложба, онлајн продажба и професионална презентација, со цел уметноста да биде поблиску до публиката во земјата и странство.

Ел-Арт

подружница на ТРИ Е Скопје

Компанијата ТРИ Е ДООЕЛ Скопје постои од 2014 година и успешно работи во повеќе деловни сегменти. Во 2025 година компанијата ја отвора подружницата El Art Gallery во Беверли Хилс – Скопје, со фокус на изложување и продажба на оригинални уметнички дела.

El Art Gallery е современа уметничка галерија со фокус на внимателна селекција, професионална презентација и поддршка на автори со јасен визуелен идентитет. Работиме со уметници кои создаваат оригинални дела со висок технички и естетски стандард.

Нашата мисија е да создадеме средина во која уметноста се вреднува, се продава со интегритет и стигнува до вистинските колекционери — во земјата и странство.

Испорака и поврат на уметнички дела

Купеното уметничко дело можете да го подигнете во галеријата или да го добиете со достава на ваша адреса.

El Art Gallery обезбедува испорака на купените уметнички дела на територијата на Република Северна Македонија и во странство. Испораката се врши преку реномирани компании за достава, со кои галеријата има воспоставено соработка.

Секое уметничко дело се пакува професионално, со целосна заштита од оштетување при транспорт. Купувачот може да избере:


лично подигнување

од просториите на галеријата, или


достава на адреса

наведена при нарачката.

Роковите за испорака зависат од дестинацијата и избраната курирска служба. El Art Gallery не може да влијае врз евентуални доцнења предизвикани од страна на доставувачот.



Доколку при преземањето забележите недостаток или оштетување, уметничкото дело може веднаш да се рекламира и да биде заменето или вратено согласно нашата политика за поврат.

Купете онлајн, подигнете во галерија

Вашето уметничко дело ќе ве чека подготвено за подигнување во време што вам ви одговара.

Можете да го купите уметничкото дело онлајн и да го подигнете во нашата галерија во рок од еден до два часа, а често и побрзо. Со оваа опција заштедувате на трошоци за достава и го избегнувате времето на испорака.

Вашата нарачка ќе биде задржана во галеријата неколку календарски дена. Доколку не биде подигната во наведениот рок, ќе ви испратиме потсетник еден ден пред откажување на нарачката и враќање на делото во галерискиот фонд.

Контакт за купување или прашања за сликите

За прашања околу купување, достапност, резервација или испорака — контактирајте нè преку формата

Задолжително поле
Задолжително поле

По потреба може да ве побараме на телефон

Задолжително поле

Контакт

ЕЛ-АРТ Галерија Скопје El-Art Gallery Skopje operates as a registered branch of TRI E Consulting DOOEL Skopje, focused on exhibiting regional and contemporary art.

Адреса

Народен фронт 1 л. 40 ТЦ Беверли, Скопје, Македонија
Погледни насоки

Работно време:

Онлајн продавницата е достапна 24/7, а порачките се обработуваат во работни денови. Галеријата во Беверли Хилс работи од Понеделник до Петок 10:00 - 18:00 и во Сабота 10.00 - 13.00

телефон и меил адреса